Во денешните Квоти на денот има пет натпревари од квалификациите за ЕП 2024, кои ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 53.55.
Најмалата квота е од дуелот на Црна Гора против Бугарија во рамки на групата Г и ја има фаворитската улога. Квота од 2.00 се добива за Црна Гора да не загуби, а притоа да бидат постигнати меѓу два и четири гола на натпреварот.
Во скандинавската пресметка, Данска иако игра во Хелсинки е фаворит против Финска и тука предлогот на Sport Life е да одигра на голови на Данците. За играта Данска да постигне барем еден гол во првото полувреме и барем два на целиот меч, квотата изнесува 2.70.
Интересен натпревар ќе се одигра во Тирана каде Албанија ја пречекува Полска. Предлогот на Sport Life е да одиграте дека Полска нема да загуби, а притоа ќе бидат постигнати меѓу два и пет гола, а квотата за оваа игра изнесува 2.05.
Србија по поразот од Унгарија во Белград, денеска ќе мора да се вади во Каунас против Литванија доколку сака да го задржи второто место на табелата во својата група. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека Србија ќе постигне меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, а квотата за оваа игра изнесува 2.25.
Дербито на вечерта ќе се игра во Даблин меѓу Ирска и Холандија. Лалињата играат далеку подобро во квалификациите за ЕП 2024 и квота од 2.15 се добива ако одиграте дека ќе слават во Даблин, а притоа ќе има меѓу два и шест гола.