Фудбалскиот клуб Вардар интензивно се подготвува за враќање во Прва лига. Најтрофејниот македонски клуб е на подготовки во Златибор, каде беше промовирано и четвртото летно засилување.
Се работи за 24-годишниот централен дефанзивец Алберт Алаведра. Се работи за стандарден репрезентативец на Андора, а Алаведра потекнува од младинската академија на Еспањол. Во својата кариера меѓудругото настапувал за Алгесирас, Манреса, Бадалона, Приморје. За репрезентацијата на Андора засега има 26 настапи.