Репрезентативец на Англија е желбата на Реал Мадрид за дефанзивната линија

Прва цел на Реал Мадрид за летниот трансфер период ќе биде централната дефанзивна позиција. Желбата на Анчелоти, но и на раководството е 22-годишниот репрезентативец на Англија и член на Евертон, Џарад Брентвајт.

Фудбалерот има договор до 2027 година со премиерлигашот, па Реал ако сака да го ангажира за него ќе мора да плати најмалку 42 милиони евра, колку што е неговата моментална вредност.

Милитао е повреден и оваа сезона нема да игра, додека договорите на Ридигер и Алаба им завршуваат следното лето, па изборот за дефанзивната линија е на фудбалерот кој дебитираше во сениорскиот фудбал токму кога Карло Анчелоти беше тренер на Евертон.

- Оглас -

Најнови вести