Репрезентативец на Англија ќе биде замената за Кевин де Бројне во Манчестер сити?!

Манчестер сити веќе се подготвува за „животот“ по Кевин де Бројне, чиј договор истекува на крајот од оваа сезона и веќе е познато дека нема да биде продолжен, а тој бира помеѓу клубови од САД и од Саудиска Арабија за продолжување на кариерата.

Се чини дека изборот на раководството на Граѓаните падна на фудбалерот на хитот на премиерлигашката сезона, Нотингам форест. Се работи за 25-годишниот репрезентативец на Англија, Морган Гибс-Вајт, кој е носител на играта на Шумарите.

Според информациите од Островот, раководството на Манчестер сити е подготвено да плати 50 милиони фунти за неговите услуги. Морган Гибс-Вајт оваа сезона за Нотингам форест одигра 27 натпревари, со ефект од пет гола и девет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести