Репрезентативец на САД е осмо летно засилување за Милан

Репрезентативецот на САД и досегашен член на Валенсија, Јунус Муса, ќе биде осмото засилување за Милан во овој преоден рок. “Црвено-црните“ од Милано за неговите услуги ќе платат 20 милиони евра, а фудбалерот ќе потпише договор за следните пет сезони.

21-годишниот фудбалер потекнува од академијата на Арсенал, но во 2019-тата година како младинец се пресели во Валнсија. Неговата моментална вредност на пазарот е 18 милиони евра.

Муса за репрезентацијата на САД има одиграно 24 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести