6.8 C
Skopje
петок, 30 јануари 2026

Репрезентативец на Србија за 15 милиони евра ќе потпише за Интер

Лазар Самарџиќ, репрезентативецот на Србија, ќе потпише за Интер. Деталите за неговиот трансфер се веќе договорени и се очекува само официјалната презентација. Интер на Удинезе ќе му плати 15 милиони евра и ќе му го отстапи младинскиот репрезентативец на Италија Џовани Фабијано.

Самарџиќ е роден во Берлин и настапуваше за младинските селекции на Германија пред да се одлучи да настапува за сениорите на Србија.

Кариерата ја започнал во Херта, а преку Лајпциг пристигна во Удинезе за сума од 3 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести