Репрезентативецот Атанасијевиќ му останува верен на Е. Пелистер

Македонскиот ракометен репрезентативец Петар Атанасијевиќ останува во Еурофарм Пелистер и следната сезона и повќе од сигурно ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона. Младиот 19-годишен Атанасијевиќ денеска потпиша нов договор со битолчани до јуни 2026 година.

„Да се игра во еден ваков клуб и со вакви играчи е голема чест. Догодина се надевам дека ќе напредуваме и пак ќе се се радуваме на трофеи.
Секоја чест на екипата за победата над Вардар. Сите го дадовме максимумот, и тие коишто играа и тие коишто не добија шанса.
Се гледам во овој клуб и во иднина и во наредните години. Млад сум и има уште многу време за мене и како ракометар и како личност“, изјави Атанасијевиќ.

- Оглас -

Најнови вести