Репрезентативка на Јужна Кореја стана најмлада фудбалерка во историјата која играла на Светско првенство

Само 26 дена откако го прослави 16-тиот роденден, Кејси Фер, повторно има причини за славје, овој пат бидејќи испиша фудбалска историја.

Со само 16 години и 26 дена, младата фудбалерка од Јужна Кореја, стана најмладиот учесник на Светско првенство во историјата и во машка и во женска конкуренција.
Таа во поразот на Јужна Кореја од Колумбија со 2:0 на СП, влезе во игра во 78-та минута на местото на Ју-ри Чое.

Претходниот рекорд го држеше Нигеријката Ифеане Чиејине која во 1999 година настапи на натпревар на СП со 16 години и 34 дена.

Во машка конкуренција, најмлад фудбалер кој заиграл на СП е Норман Вајтсајд кој со 17 години и 40 дена играше за Северна Ирска на СП во Шпанија кое се одржа 1982 година.

Денеска на натпревари на СП се случи и едно од најголемите изненадувања на Мундијалите, Филипинии со 1:0 со победи коорганизаторот Нов Зеланд.

На последниот денешен натпревар, Швајцарија и Норвешка одиграа без голови.

- Оглас -

Најнови вести