Женската репрезентација на Македонија повторно загуби од Австрија во евроквалификациите со идентични 0-3, овојпат на домашен терен. Нашите претставнички беа солидни во дел од мечот против фаворитките во групата Г, меѓутоа квалитетот и искуството на Австријките се покажаа како клучни сегменти за разочарувачкиот резултат.
Македонија даваше отпор половина час во мечот, а потоа гостинките од пенал казнија во 35-тата минута преку Била, за потоа Задразил да зголеми на 0-2 пред паузата. Конечниот резултат го постави Дунст во 78-та минута.
Македонија по четири меча има три бода и стои на четвртото место во групата, додека Австрија има максимални 9 бода по три натпревари.