Репрезентативната пауза е на средината, а лидерот во Премиер лигата, Арсенал, веќе се соочува со сериозни проблеми. Двајца дефанзивци на „топчиите“ се повредија играјќи за своите репрезентации, па Микел Артета се соочува со големи проблеми пред продолжението на првенството.
Рикардо Калафиори мина една седмица со репрезентацијата на Италија, а Џенаро Гатузо потврди дека тој е повреден и веќе е на пат кон Лондон. Дефанзивецот нема да биде во составот на Италија за мечот против Норвешка.
Се повреди и Габриел, кој играше за Бразил против Сенегал, пријателски меч кој се одигра токму на стадионот на Арсенал, па тој останува во клубот и нема да патува во Франција со остатокот од репрезентацијата за мечот против Тунис.
Карло Анчелоти ја потврди повредата, без да прецизира за каков тип на повреда се работи и колку би паузирал дефанзивецот на „топчиите“.

