21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Репрезентативната пауза му донесе проблеми на Тухел

Репрезентативната пауза во која се одржа циклус за мундијалските квалификации му создаде главоболки на Томас Тухел. Двајца играчи на Челзи се вратија во клубот со повреди и отпаднаа од комбинација за настап во следните неколку натпревари.

Тухел го загуби адутот во средината Н’голо Канте, кој утре дефинитивно нема да игра против Астон вила, а надежите се дека Французинот ќе закрепне до премиерното коло во Лигата на шампионите, во кое бранителот на титулата го пречекува Зенит во вторник навечер. Иако беше дел од тимот на Триколорите изминативе две недели, Канте не одигра ниеден меч за репрезентацијата.

Кристијан Пулишиќ го чека подолга пауза, од околу 10 дена а можеби и повеќе, што значи ќе ги пропушти следните две кола во Премиер лигата, како и дуелот против Зенит. Американецот доста се потроши настапувајќи за селекцијата на САД, го оштети зглобот и во наредниве денови мора да се движи на патерици.

Сините утре попладне против Астон вила ќе се обидат да се вратат во победнички ритам откако минатиот месец го завршија со реми од 1-1 во дербито против Ливерпул, а пред тоа нанижаа победи против Кристал палас и Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести