Типувањето за новото десетто коло на Спортска прогноза почнува од денеска, а на бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија има понуда од 13 меча кои треба да ги погодите за добивање на прекрасниот „ајфон 11“. Основната понуда ќе биде составена од репрезентативни фудбалски натпревари од Лигата на нациите.
Задачата да се погодат максимален број натпревари нема да биде лесна, но имате доволно време до сабота во 18 часот за да размислите како ќе типувате.
Низата од интересни репрезентативни натпревари почнува в сабота од 18 часот, со мечот помеѓу Азербејџан и Црна Гора. Вечерта се дербијата Португалија – Франција, Шведска – Хрватска и Швајцарија – Шпанија.
Неделната програма стартува во 15 часот со дуелот на Македонија против Естонија, продолжува со Словачка – Шкотска, Турција – Русија, Бугарија – Финска, Грузија – Ерменија, Велс – Ирска, Белгија – Англија, Унгарија – Србија и Романија – Норвешка.
Резервни парови се Летонија – Фарски Острови и Данска – Исланд. Овие два меча се бројат во скорот за Генералниот пласман, затоа и тие двојки е важно да се погодат.