Атмосферата во соблекувалната на нашата фудбалска репрезентација е на високо ниво и покрај поразот.
Денеска роденден слави еден од нашите најдобри играчи, Елиф Елмас а на социјалните мрежи на Фудбалската Федерација на Македонија беше објавено видео од давањето на тортата.
Елмас имаше краток говор „Фала на сите, за сите честитки. Мило ми е што сум тука, со вас уште долго време. Знаете, се надевам на тој пат што тргнавме сите заедно ќе успееме и целата е пласман на ЕП 2024 година“ рече славеникот Елмас кој што наполни 23 години.