Фудбалската репрезентација на Македонија денес го одржа првиот тренинг на арената „Тодор Проески“ како дел од подготовките за првиот циклус во новата сезона од Лигата на нациите.
Нашиот национален состав го очекуваат две средби од Лигата Ц, на 5 септември во Скопје ќе игра против Ерменија, а три дена подоцна гостува во Грузија. Инаку, ова е прв собир по девет месеци на избраниците на селекторот Игор Ангеловски.
Целта и амбициите на Рисовите се јасни, во добро светло да се почне новиот циклус во Лигата на нациите, по што во октомври им следува клучниот полуфинален дуел против Косово во плејофот за ЕП 2020 од мината сезона.