Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг на арената „Тодор Проески“ во пресрет на дуелот против Ерменија од Лигата Ц во Лигата на нациите. Средбата е закажана за 5 септември во Скопје, а потоа избраниците на Игор Ангеловски ќе гостуваат во Грузија на 8 септември.
Во меѓувреме стигнаа резултати од тестовите за корона-вирус, кај сите се негативни, додека се чека тестот на голманот Шишковски, кој пристигна подоцна на тестирањето. Дополнително тестирање ќе се прави на првиот голман Столе Димитриевски, кој денес подоцна треба да пристигне во Скопје и да ѝ се приклучи на селекцијата.
фото: ФФМ