16.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Репрезентативците од Барселона биле подготвени да ja бојкотираат Шпанија за Дани Олмо

Шпанските репрезентативци од Барселона, Гави, Педри, Ламин Јамал, Пау Кубарси, Марк Касадо, Фермин Лопес и Феран Торес, планирале да објават своевиден бојкот на шпанската репрезентација доколку нивните соиграчи Дани Олмо и Пау Виктор не добиеја дозвола за регистрација за вториот дел од сезоната во Ла Лига, објави шпанскиот весник „АС“.

Играчите на Барселона биле подготвени да користат изговори како повреди и неподготвеност за да избегнат повик од селекторот Луис де ла Фуенте. Следните натпревари на Црвената фурија се четвртфиналните дуели против Холандија во Лигата на нациите, закажани на 20 и 23 март. Потенцијален успех би значел пласман во завршната фаза на турнирот, која ќе се одржи на почетокот на јуни.

Не е јасно дали оваа идеја е иницирана од самите играчи или е дел од стратегијата на раководството на Барселона, кое можеби го користело како притисок за решавање на ситуацијата.

Дани Олмо и Пау Виктор останаа без регистрација на 1 јануари, откако Ла Лига привремено ги одзеде нивните лиценци. Шпанската фудбалска федерација одби да го разгледа случајот, повикувајќи се на недостаток на надлежност, а жалбите на Барселона беа одбиени на две судски инстанци. Меѓутоа, во средата, Врховниот спортски совет при Министерството за образование и спорт на Шпанија донесе одлука за привремено враќање на регистрациите на Дани Олмо и Пау Виктор.

- Оглас -

Најнови вести