Репрезентативците пристигнаа во Швајцарија, од Бад Рагаз ќе се обидат да го прескокнат Лихтенштајн (Фото)

Македонските репрезентативци пристигнаа во Бад Рагаз во Швајцарија и утре ќе го имаат единствениот тренинг пред мечот со Лихтенштајн.

Базата на нашата репрезентација во швајцарското место е оддалечена само 24 километри од Лихтенштајн, каде што задутре од 20.45 часот ќе играме против домаќинот во седмото квалификациско коло за настап на Мундијалот во Катар.

Ќе се игра на познатиот „Рајнпарк“ во Вадуз, терен на кој Македонија има играно неколкупати и нема пораз од Лихтенштајн.

Во нашата репрезентација го нема Енис Барди, кој е повреден, но големо охрабрување е камбекот на Аријан Адеми, играч што е многу важен за македонската репрезентација, а ги пропушти трите септемвриски дуели со Ерменија, Исланд и Романија поради повреда.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести