Репрезентациите го преземаат приматот: Македонија на тест во Хрватска, Албанија и Англија сигурно ќе победат (Фото)

6807 Хрватска – Македонија (19:00)

Репрезентацијата на Македонија вечерва ќе излезе на мегдан против бронзената селекција од последното Светско првенство, Хрватска. Низ историјата овие две селекции имаат одиграно осум натпревари, а Македонија на шест од нив успеала да постигне погодок. На четирите гостувања само еднаш немаме погодено против Хрватска, и тоа во 2012 во квалификациите за Светското првенство.

Предлог тип: Т2 1+ (1.95)

 

6730 Албанија – Лихтенштајн (20:00)

Албанија како прв противник во подготовките за настапот на Европското првенство го избра Лихтенштајн, една од најслабите селекции во Европа. Јасно е кој е фаворит на овој натпревар, а тоа го кажува и традицијата, која вели дека овие две селекции досега имаат одиграно три натпревари и на сите три победувала репрезентацијата на Албанија.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.15)

 

6053 Англија – Босна и Херцеговина (20:45)

Англичаните се едни од фаворитите за освојување на Европското првенство во Германија, а за прв противник во подготовките одлучија да ја имаат Босна и Херцеговина, репрезентација против која никогаш претходно немаат играно. Домашните се големи фаворити на мечот во Њукасл и се очекува да ја покажат својата сила пред континенталниот собир.

Предлог тип: : 1 Двојна (1.92)

 

3131 Јавор – Текстилац (18:00)

Фудбалерите на Јавор како големи фаворити влегуваат во мечот против Текстилац од баражот за пласман во српската Суперлига. Второлигашот Текстилац на првиот меч изненадувачки победи со 1-0, па сега фудбалерите од Ивањица ќе мора да одиграат на сè или ништо и од првата минута да тргнат кон голот на противникот. Сè освен убедлива победа на Јавор на овој меч ќе биде големо изненадување.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.30)

 

3132 Железничар П. – Инџија (20:00)

На вториот меч од српскиот бараж, Железничар со победа од 2-1 од првиот меч влегува во дуелот против Инџија. Овие две екипи имаат низа од седум натпревари по ред на кои имало победник, а така се очекува да биде и денес, со оглед на значењето на натпреварот. Последните два натпревари завршуваа најмалку со три погодоци.

Предлог тип: 12 & 3+ (1.99)

- Оглас -

Најнови вести