Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 17 години со пораз од 3-2 го завршува гостувањето кај Црна Гора во Подгорица откако првиот меч пред два дена заврши без победник, 1-1.
Црногорците преку Крушчиќ дојдоа во водство уште во 14-тата минута, а на стартот на второто полувреме, односно во 51-вата минута, Хисар Али со гол директно од слободен удар успеа да израмни на 1-1. Сепак, нашата радост траеше само две минути бидејќи Црна Гора во 53-тата минута повторно дојде во водство, овојпат од 2-1 преку Крајина.
Хисар Али со својот трет гол на овие два меча во 69-тата минута израмни на 2-2, додека конечните 3-2 за Црна Гора ги постави Омар Крајина во 89-тата минута.
За Македонија настапија: Трајковски (46 Бешир), Исмаили (63 Росиќ), Атанасовски, Љатифи, Андоновски, Али, Киш, Муслиу (46 Мемети), Зиба (46 Шаботиќ), Арифи (46 Ристов), Стојановски. Селектор: Ерхан Селими.