Репрезентација се повлече од квалификациите за СП 2026 бидејќи владата стравува дека играчите ќе „исчезнат“

На неколку дена пред дуелот со Мароко, фудбалската репрезентација на Еритреја се повлече од квалификациите за пласман на СП 2026 година кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Фудбалската федедрација на Еритреја сè уште не ги известила ФИФА и Африканската фудбалска конфередација за овој потег, кој е повлечен по наредба на министерот за спорт во Владата на Еритреја, Земеде Текле.

Главна причина за повлекувањето се стравувањата дека репрезентативците на Еритреја би можеле да ги искористат меѓународните натпревари да избегаат од земјата и да побараат азил во странство.

Во Еритреја на власт е репресивниот режим на претседателот на Еритреја, Исаијас Афверки, кој наметна и служење доживотен воен рок за голем број граѓани.

Од 2009 година па досега повеќе од 60-мина фудбалери од Еритреја побарале азил во други земји. Последен пат тоа се случи во 2021 година, кога по мечот меѓу Уганда и Еритреја, петмина фудбалери побараа азил во Уганда.

- Оглас -

Најнови вести