5.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Репрезентацијата до 19 години убедливо загуби од моќната Португалија

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години го доживеа и вториот пораз на квалификацискиот турнир во Португалија. По минималниот пораз од Белгија (1-0) на првиот меч, нашите млади фудбалери вечерва загубија убедливо со 4-1 од домаќинот на турнирот, Португалија.

Победникот на мечот беше решен уште по првите 45 минути, по кои Португалците веќе имаа убедливи 3-0, а во вториот дел постигнаа уште еден гол за зголемена предност од 4-0. Почесниот погодок за Македонија беше дело на Емир Саботиќ во 71-вата минута.

Статистички, Португалците беа далеку подобри од избраниците на селекторот Ерхан Селими. Домашните 22-пати се заканија кон нашиот гол, додека ние упативме само два удари. Португалија изведе 12 корнери, наспроти нула за Македонија.

Македонија со нула бодови е последна во групата, во која Португалија и Белгија имаат по четири, а Естонија има два поени. Токму Естонците се нашиот следен ривал за три дена.

- Оглас -

Најнови вести