Репрезентацијата која е во Топ 3 фаворити за златото на ЕП не може да ја победи Грција

Белгија изненадувачки одигра само 1:1 во пријателскиот меч против Грција, како подготовка за настапот на Европското првенство. Грција воопшто не е учесник на завршницата на континенталниот собир, но покажа дека може да биде рамноправен ривал со еден од главните фаворити за златото на ЕП.

Помладиот брат на Еден Азар, Торган, беше стрелец на погодокот кој донесе водство на Белгија во 20-тата минута. Фаворитот водеше на полувреме, но Грција во вториот дел покажа дека има сила да се спротивстави. Во 66-тата минута, левиот бек Јоргос Цавелас погоди за 1:1.

До крајот на мечот, Белгија немаше сили да стигне до втор погодок за ново водство, а статистиката покажува дека Грција на крајот има повеќе упатени вкупно удари кон голот, но и повеќе удари во рамките на голот.

Според коефициентите на Sport Life, Белгија е трет фаворит за златото на Европското првенство и коефициентот за тоа е 7.00. Помали квоти за европски прваци има само за Франција (5.50) и Англија (6.00).

 

- Оглас -

Најнови вести