Репрезентацијата летна за Чешка, целта е да се поправи впечатокот (Фотогалерија)

Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево отпатува за Чешка, каде ќе го одигра вториот контролен натпревар во јунскиот прозорец на ФИФА. Дуелот помеѓу Чешка и Македонија ќе биде четврти меѓусебен во историјата, а во понеделник ќе се одигра во Храдец Кралове.

Македонија на првиот меч од јунскиот прозорец загуби од Хрватска во Риека со 3-0, додека против Чешка во трите досегашни натпревари немаме победа. Двапати загубивме во квалификациите за Светското првенство 2006, а еднаш одигравме нерешено на домашен терен во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести