3.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Репрезентацијата на Луксембург имала сообраќајна несреќа, дуелот против Франција не се одигра

Натпреварот од квалификациите за Европското младинско првенство помеѓу Франција и Луксембург требаше да се одигра вечерва во 18:30 часот, но тој е одложен за трети октомври.

Причината е сообраќајната несреќа која ја доживеале фудбалерите од Луксембург, кои со автобусот се превезувале кон стадионот. Петмина од нив се пожалиле на повреди и се хоспитализирани, но според последните информации на француските медиуми, тие се чувствуваат добро, а повредите не се сериозни.

Натпреварот помеѓу Франција и Луксембург требаше да се игра на стадионот во Лориен.

- Оглас -

Најнови вести