Репрезентацијата на Македонија до 16 години на контролен двомеч против Босна и Херцеговина

Репрезентацијата на Македонија до 16 години на почетокот на јуни во Зеница ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.

Првиот контролен дуел ќе биде одигран на шести јуни, со почеток во 17 часот. Вториот контролен меч на програма е на осми јуни, со почеток во 11 часот.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Драган Начевски, за претстојните контролни натпревари со Босна и Херцеговина се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Даријан Денковски – Шкендија
Ринор Цека – Шкендија
Амин Ауловиќ – Парк

ОДБРАНА:

Стефан Јордановски – А.П. Брера
Марко Иванов – Копер, Словенија
Анес Бајрами – Шкупи
Филип Цветковски – Вардар
Адријан Велески – ФФМ Академија
Тео Стојчевски – Вардар

СРЕДЕН РЕД:

Лука Кнежевиќ – Македонија Ѓ.П.
Бленди Љачка – Фенербахче, Турција
Сонер Ракипи – Шкендија
Марко Мирчевски – Охрид
Лука Георгиески – А.П. Брера
Александар Полимац – Партизан, Србија
Лука Лазаревски – Македонија Ѓ.П.
Иса Мустафа – Парк

НАПАД:

Ердин Мамути – Работнички
Фадиљ Исламовиќ – НК Загреб, Хрватска
Васко Папалиски – Парк
Јаков Стојковски – Падерборн, Германија
Антонио Сталески – А.П. Брера

- Оглас -

Најнови вести