Репрезентацијата на Шведска првпат во историјата ќе има селектор странец

Фудбалската репрезентација на Шведска првпат во својата историја ќе има селектор странец откако на оваа позиција денес беше назначен Данецот Јон Дал Томасон. Швеѓаните првиот репрезентативен натпревар го одиграле во 1908 година, кога ја победиле Норвешка со 11-3 и вистинска реткост е тоа што дури 116 години немале странски селектор.

Данецот со Фудбалскиот сојуз на Шведска потпиша договор до крајот на квалификациите за Светското првенство, а доколку успее да се пласира, договорот автоматски ќе му биде продолжен.

Легендарниот дански фудбалер во својата кариера настапуваше за екипите на Коге, Херенвен, Њукасл, Феенорд, Милан, Штутгарт и Виљареал, додека како тренер работеше во Ексцелсиор, Рода, Витесе, Малме и Блекбурн, а во репрезентацијата на Данска беше помошник-тренер.

- Оглас -

Најнови вести