Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа официјалниот тренинг на стадионот „Сконто“ во Рига, на кој утре ќе го играме мечот од третото коло од Лигата на нации против Летонија.
Како што може да се забележи и на видеата, времето во Рига е исклучително лошо, а додека трае тренингот на нашите фудбалери врне и силен дожд. Кој знае, можеби дождот ќе биде среќен, па Македонија утре ќе се радува на трите бода против Летонија.