37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Репрезентацијата за играчи до 17 години доживеа убедлив пораз на турнирот во Малта

Кадетската фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години имаше лош старт на квалификацискиот турнир кој се игра во Малта откако попладнево доживеа висок пораз од директниот конкурент за втората позиција, Словачка, со 0-4.

Победникот на натпреварот беше решен уште во првото полувреме, по кое Словаците имаа убедливи 0-3. Во второто полувреме селекторот Дашмир Беари се обиде со офанзивна формација да спаси што може да се спаси на овој натпревар, но едноставно противникот беше поквалитетен.

Со овој пораз речиси згаснаа надежите дека Македонија може да дојде до пласман во Елитната рунда од квалификациите, со оглед на тоа дека следен противник ни е Шпанија, која денес го победи домаќинот на турнирот, Малта, со убедливи 7-0.

- Оглас -

Најнови вести