Реприза од вчера, на првите два меча во ЛШ сите екипи дадоа гол и средбите отидоа во 3+ (Видео)

Барселона го победи Шахтар со 2-1 и со максимални 9 бода од три кола цврсто го држи врвот во својата група од Лигата на шампионите, а во другиот меч, кој почна во 18.45 часот, Феенорд потврди дека е опасен домаќин и славеше со 3-1 против Лацио.

Каталонците останаа перфектни сезонава во сите натпреварувања како домаќини на „Монжуик“, а головите на Феран Торес и Фермин Лопес во првото полувреме се покажаа како доволни за триумф над украинскиот првак. Барса првпат прими гол сезонава и ја продолжи традицијата никогаш да нема три победи во првите три кола од групната фаза без примен гол.

Барселона стана третиот тим по Реал Мадрид и Баерн Минхен со 200 или повеќе победи во Лигата на шампионите, а Барса им се придружи на овие два клуба и како единствени со 9 бода од првите три кола сезонава.

Победата на холандскиот Феенорд над италијанскиот Лацио му ја донесе Санти Хименес, кој даде два гола и стана 15-ти Мексиканец кој дал гол во ЛШ, но прв од својата земја кој погодил двапати на дебито во најсилното натпреварување во Европа. Гол даде и Рамис Зеруки, 14-ти Алжирец кој дал гол во ЛШ.

Ова е голот на Фермин, кој стана петти најмлад стрелец за Барса на својот прв меч како стартер:

https://twitter.com/i/status/1717230727970828332

- Оглас -

Најнови вести