Едсон Арантес до Насименто, или едноставно Пеле, остави големо наследство на фудбалскиот свет, но секогаш постоеше прашањето, зошто Бразилецот никогаш не се одлучи да заигра во Европа?
Пеле почина синоќа на 82 години, откако ја загуби битката со ракот на дебелото црево. Целиот фудбалски свет остана да жали за единствениот фудбалер кој има три титули светски првак со Бразил. Многу подвизи на Пеле се неверојатни и уште се раскажуваат, но многумина потсетуваат и за тоа дека Бразилецот никогаш не заигра во европски клуб. Уште пред речиси 10 години, Пеле самиот го даде одговорот на тоа прашање.
„Не жалам што никогаш не заиграв во Европа. Бев во Сантос, а тој клуб во тоа време беше еден од најмоќните. Не заиграв надвор од Бразил затоа што бев многу многу среќен во Сантос. Таму ги поминав најубавите 15-20 години“, откри Пеле, кој не крие дека имал понуди да заигра во европски клубови.
„Имаме многу ситуации кога бев блиску до потпис со Реал Мадрид, а потоа и еднаш бев пред потпис со Наполи во Италија. Имав и други понуди од европски клубови, но ми беше убаво таму каде што бев“, своевремено објасни Пеле.
По 19 години во дресот на Сантос, Кралот Пеле реши да замине надвор од САД и потпиша за Њујорк Космос во САД. Таму одигра две сезони, а потоа замина во пензија.