Челзи со убедливи 3:0 го победи Пари Сен Жермен во финалето на Светското клупско првенство, а свое шоу по завршување на турнирот имаше и американскиот претседател Доналд Трамп. Првиот човек на САД по доделувањето на трофејот, реши да прослави заедно со фудбалерите на Челзи и остана на пиедесталот да се радува со нив.
Освен тоа, медиумите имаа уште една дилема, а тоа е дали претседателот Трамп за себе си задржал еден од златните медали. Фудбалерот на Челзи, Нони Мадуеке, не присуствуваше на доделувањето на медалите, па еден медал остана „вишок“ и во еден момент заврши во џебот на Трамп.
Donald Trump took Madueke medal 😭😭
— Janty (@CFC_Janty) July 13, 2025
Додека неговиот тим се бореше за трофејот, на Мадуеке му беше дадена дозвола да се врати дома за да ги помине медицинските прегледи пред неговиот трансфер во Арсенал. Се чини дека не бил премногу заинтересиран за финалето бидејќи неговите приоритети биле различни. Тој беше виден на фестивалот „Вирлс“ со поранешни соиграчи.
Младиот 23-годишен фудбалер уживаше во настапот на Дрејк заедно со Џејдон Санчо и Карни Чуквемека, додека во исто време од другата страна на Атлантикот се играше финалето на Светското клупско првенство.
Што се однесува до медалот кој Мадуеке треба да го добие, според англискиот „Дејли мејл“, англискиот репрезентативец својот медал може да очекува да му биде доставен по пошта.