Оле Гунар Солскјер со маркер каков што носат резервните играчи кои се загреваат за да влезат во игра, стои покрај аут-линијата на теренот на „Паркот на принцовите“. Такви маркери носат и фоторепортерите, но никогаш немало тренер да носи таков маркер.
Четвртиот судија на мечот ПСЖ – Манчестер јунајтед инсистираше Солскјер да облече маркер, а причината е многу едноставна. Јакната која ја носи Солскјер е во иста боја како бојата на дресовите со која играат фудбалерите на ПСЖ, па кога ќе биде покрај аут-линијата да не ги збуни домашните играчи.
Единствено што е малку чудно е тоа што и стратегот на ПСЖ, Томас Тухел е облечен во црно, но судијата не побара тој да облече маркер.