11.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Решено е: Барселона ќе го откупи договорот на Рашфорд

Челниците на Барселона донеле одлука да го откупат договорот на Маркус Рашфорд. Англискиот интернационалец сезонава е дел од каталонскиот гигант како позајмен играч од Манчестер јунајтед, но многу веројатно е дека на крајот од сезоната, Барселона ќе ја активира клаузулата за откупување на договорот и ќе плати 30 милиони евра.

Рашфорд сезонава игра одлично, па иако најчесто влегува од клупата за резерви, веќе има постигнато 10 погодоци во сите натпреварувања. Самиот фудбалер изјави дека е среќен во Барселона и дека би сакал да остане.

Посебно добар е Англичанецот на последните пет меча кои ги одигра кога постигна три гола, а имаше и две асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести