Решено е: Меси си оди од ПСЖ на крајот од сезоната!

Иднината на Лионел Меси во Пари Сен Жермен е главна тема веќе подолг период во францускиот фудбал, а според денешните последни информации, Аргентинецот веќе може да почне да ги пакува куферите за заминување од Париз.

На последниот состанок меѓу Меси и челниците на ПСЖ, фудбалерот поставил неверојатни услови за да остане на „Паркот на принцовите“.

„ПСЖ веќе 100 отсто планира во следната сезона да биде без Лионел Меси. Се чувствува дека преговорите за евентуален нов договор се завршени затоа што Меси сака повеќе пари, но не сака јавно тоа да го признае“, тврдат француските медиуми.

Пред неколку дена Меси беше снимен како полека ги враќа своите лични работи од Париз во Барселона, што значи дека се очекува ова лето да се случи негова целосна преселба во каталонската престолнина.

Меси во Барселона помина повеќе од 20 години, кога пред две години одлучи да си замине од „Камп ноу“. Две сезони е дел од ПСЖ, но сега е многу веројатно дека од следната сезона повторно ќе го гледаме во дресот на каталонскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести