32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Реши да ампутира дел од прстот на раката за да настапи на ЛОИ во Париз

Австралискиот хокеар на трева Мат Доусон ампутираше дел од прстот за да може да настапи на Олимписките игри во Париз. Доусон неодамна имал скршеница на прстот на десната рака, а лекарите му дале два избори.

Дали да дозволи одредено време прстот да закрепне и да не игра на ЛОИ или да му се ампутира дел од прстот и да биде дел од Игрите.

„Немав премногу време да донесам одлука. Ги имав сите информации кои ми беа потребни за да ја донесам одлуката. Не само за настап на ЛОИ туку и за продолжување на животот потоа“, рече Доусон во изјава за австралиската телевизија, Севен нетворк.

Селекторот на Австралија, Колин Бач, го пофали Доусон за неговата храброст, но потенцираше дека не е сигурен дали и тој би го направил истиот потег.

„Очигледно дека настапот во Париз му е во преден план. Не сум сигурен дали и јас би го направил тоа. Играчот сам одлучува за своите постапки, тука селекторот не може да влијае“, потенцираше Бач.

Настапот во Париз за Доусон ќе биде трети на Олимписки игри. На последните ЛОИ во Токио, Австралија го освои среброто на хокеј на трева. Австралија има само едно злато на ЛОИ во хокеј на трева ,и тоа на Игрите во Атина во 2004 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести