РЕСПЕКТ: Куба ќе игра за Висла без плата, а ќе донира и 300 илјади да ги спаси од банкрот

Јакуб Блажиковски најави враќање во неговиот клуб од детството, Висла Краков, каде до крајот на сезоната ќе игра и нема да добива плата. Оваа одлука ја донесе поради што полскиот клуб се наоѓа во финансиски проблеми, а популарниот „Куба“ одлучи да донира и 300 илјади евра за раководството да може да им ги исплати задоцнетите плати на фудбалерите и да ги покрие останатите трошоци.

Блажиковски изминатото лето стана слободен играч откако му заврши соработката со Волфсбург, а сега по долги години повторно ќе го облече дресот на клубот кој му ги отвори фудбалските врати. Рекордерот по број на настапи за полската репрезентација (104 меча), веќе тренира со тимот на Висла и во наредниве денови ќе биде официјализиран ангажманот.

https://twitter.com/FootballFactly/status/1084483354567692288?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084483354567692288&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FFudbal-ostalo%2Fa263846-Respekt-Blascikovski-spasava-Vislu-od-bankrota.html

- Оглас -

Најнови вести