Ретеги не искористи пенал, Торино освои бод против Аталанта

„Машинеријата“ на Џанпјеро Гасперини полека почна да забавува откако Аталанта одигра само 1-1 на домашен терен против Торино, новиот тим на Елиф Елмас. Тој не беше во составот, со оглед дека треба да се верификува документацијата, а голманот Вања Милинковиќ – Савиќ е херојот, со оглед дека му одбрани пенал на Матео Ретеги во 74-та минута.

Џимшити ја доведе Аталанта во водство во 35-та минута, но само пет минути подоцна израмни Марипан.

По ова реми, Аталанта останува на третата позиција со 47 бода, шест помалку од лидерот Наполи, а има одиграно и еден натпревар повеќе.

- Оглас -

Најнови вести