Напаѓачот на Аталанта, Матео Ретеги, го коментираше промашениот пенал на натпреварот против Арсенал (0:0) од првиот круг во Лигата на шампионите. Во 51-вата минута, италијанскиот репрезентативец доби можност да изведе пенал, но голманот на Арсенал, Давид Раја, го одбрани ударот, а потоа и вториот обид со удар со глава на Ретеги.
Ay Chapita Retegui, necesitarás goles urgentes para olvidar este penal. pic.twitter.com/0XZZSeO86o
— Claudio Mauri (@hcmauri) September 19, 2024
„Раја одлично го одбрани пеналот, а јас направив голема грешка при вториот обид – ја гледав само топката и не сфатив колку брзо тој ќе се исправи. За нас беше многу важно да почнеме со победа и многу ми е жал за промашувањето, тоа можеше да биде гол за триумф на Аталанта. По промашениот пенал, целиот тим дојде да ме утеши, дури и тренерот, но знам дека можев многу подобро“, изјави разочараниот Ретеги.
Неговиот соиграч Мартен де Рон призна дека натпреварот против Арсенал бил изедначен.
„Нерешениот резултат е праведен. Всушност, пеналот беше нашата единствена шанса. Лигата на шампионите е многу тежок турнир. Се игра против врвни тимови. Атмосферата на стадионот беше фантастична“, истакна играчот од средниот ред на Аталанта.