Ретки фотографии од Манчестер јунајтед во Москва, Шмајхел си купи кукла со ликот на Хитлер (Фото)

Во септември 1992 година, Манчестер јунајтед првпат гостуваше во Москва, играше против Торпедо во 32-финалето од Купот на УЕФА, а руските медиуми потсетија на тие времиња. Објавени се фотографии на Алекс Фергусон и Рајан Гигс со полициски капи, а релиси целиот тим беше на прошетка низ Црвениот плоштад.

Доколку не го препознавте, фотографијава е Гигс.

Дејвид Бекам и Гери Невил во тоа време беа тинејџери.

Голманот Петер Шмајхел си купи „бабушки“, а една од тие кукли беше и со ликот на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер кој се самоуби кога Русите влегоа и го освоија Берлин во април 1945 година, ставајќи крај на Втората светска војна во Европа.

Играчите и стручниот штаб на Јунајтед беа супер расположени, и си тераа туризам, иако првиот меч на „Олд Трафорд“ заврши 0-0. Важеа за фаворити, но Торпедо издржа без голови и после 120 минути во Москва, а на пенали, победи рускиот тим. Клучниот пенал за Манчестер го утна Гери Палистер.

- Оглас -

Најнови вести