32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Ретклиф ќе отпушти 300 вработени во Манчестер јунајтед

Косопственикот на Манчестер јунајтед, сер Џим Ретклиф, планира за 25 отсто да го намали бројот на вработени во англискиот премиерлигаш.

Сопственикот на компанијата ИНЕОС откако купи 27,7 отсто од акциите на Манчестер јунајтед за 1,3 милијарда фунти, ја презеде контролата врз фудбалските операции и една од првите задачи во реконструкцијата на англискиот гигант ќе му биде отпуштање дури на 300 вработени.

Манчестер јунајтед е тим со најмногу вработени меѓу премиерлигашите, на платниот список на Црвените ѓаволи се наоѓаат речиси 1.200 вработени.

Манчестер јунајтед е единствен тим во Премиер лигата кој сега има повеќе од 1.000 вработени.

- Оглас -

Најнови вести