Најбогатиот човек во Обединетото Кралство, сер Џим Ретклиф, кој пред неколку дена купи 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед и ќе биде задолжен за фудбалските операции, покрај тоа што планира големи инвестиции, планира и ремонт на екипата.
Манчестер јунајтед игра очајно сезонава, а Ретклиф планира да стави дури седуммина важни фудбалери на трансфер-листата по завршување на сезоната. Тоа се капитенот Бруно Фернандеш, Каземиро, Антони, Рафаел Варан, Андре Онана, Хари Мегваер и Џејдон Санчо.
Милијардерот планира со парите кои ќе ги добие од продажбата на овие фудбалери, но и со 300 милиони евра кои ќе ги даде од свој џеб, да ја освежи екипата и да направи доволно квалитетен тим со кој би се борел за трофеите.
Како прво можно засилување за Манчестер јунајтед се наведува Жан-Клер Тодибо, кој игра за францускиот тим Ница, чиј сопственик е токму Ретклиф.