Ретко кога има вакви интересни комбинации од помалку атрактивни првенства

4302 Католика – Коло Коло (21 ч.)

Дуел на две екипи кои се во средината на табелата во првенството на Чиле. Католика на домашен терен е одличен и има пет победи и само еден пораз во шест средби.

Коло Коло игра офанзивно, а интересно е дека овој тим има многу позитивен биланс со денешниот ривал. Шест победи и четири реми има Коло Коло со денешниот ривал што значи дека гостите ќе се обидат да ја продолжат низата да не загубат.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.75)

 

3660 Флора – Калју (20:30 ч.)

Меч од првенството во Естонија, меѓу две екипи кои се борат за највисок пласман на табелата. Флора има 13 победи во 19 меча и е на второто место на табелата со 41 бодови, додека Калју има само три бодови помалку.

Кога игра Флора, во просек има по три гола на меч. Таков е и просекот на голови, ако се погледнат последните четири меча против Калју.

Предлог тип: 1-3 I & 3+ (1.95)

 

2839 Хака – Интер Турку (17:30 ч.)

Интер Турку е единствениот тим без пораз во првенството на Финска. Интер Турку ја има најдобрата одбрана во лигата. Хака е тим кој главна цел е да обезбеди опстанок во лигата.

Ако се погледнат последните четири средби меѓу овие два тима, погодоци имало на двете страни, а Интер Турку најчесто победува или средбите завршуваат нерешено.

Предлог тип: ГГ3+ (1.86)

 

2606 Елфсборг – Хакен (16:30 ч.)

Меч од шампионатот во Шведска. Елфсборг цели на највисок пласман, додека Хакен има сосема поинаква мисија, а тоа е да обезбеди опстанок.

Традицијата вели дека тука треба да има многу погодоци, затоа што на седум од последните девет пресметки на овие два тима имало барем четири погодоци и се треселе мрежите на двете страни. Во тие девет дуели, дури четири пати било со 6+ погодоци.

Предлог тип: 1Х&3-5 (2.50)

 

4792 Олвејс Реди – Д Стронгест (20 ч.)

Дерби на колото во првенството на Боливија меѓу двете најдобри екипи. Двете екипи имаат по 28 бодови, а Олвејс Реди се единствени без пораз. Се работи за две екипи кои ги имаат најдобрите напади.

Последен пат играа пред неполни две недели кога Олвејс Реди победи со 2:1 во Купот.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.55)

 

- Оглас -

Најнови вести