Градското дерби на Прага е едно од најстарите во светот. Спарта и Славија прв пат играле уште во 19-тиот век, односно во 1896 година, додека била Хабзбуршката монархија.
Славија е формирана во 1892 година во југоисточниот дел на Прага кој е синоним за средната класа. Спарта е основата во населбата Летна, која е место каде што се населувале работниците кои доаѓале од другите градови во Прага. Овие два клуба биле базата за квалитетот со кој располагала репрезентацијата на Чехословачка, која во минатото била една од најсилните европски селекции.
Низ историјата Славија има дури 21 титула, првата во 1913 година, а последната во 2021 година. Спарта во своите витрини има вкупно 33 шампионски трофеи. Во 126 години долгото ривалство на овие два клуба, биле одиграни вкупно 303 меча во кои Спарта има 136 победи, Славија се радувала 95 пати, а 72 средби завршиле нерешено.
Во актуелната сезона, по 12 одиграни меча Славија освои 25 бодови и е на второто место додека Спарта има 23 бодови. Лидер на табелата е шампионот Викторија Плзен со 29 бодови. Во последните 10 меѓусебни дуели Славија има пет победи, Спарта се радувал три пати, а два дуели завршиле нерешено. На осум од овие 10 средби, имало меѓу два и три погодоци, што значи дека вреди да се одигра играта 2-3 гола.