Ретко кој се сеќава на гренд слем без големата тројка во полуфинале

Поминаа 15 години од последниот тениски гренд слем турнир на кој во полуфиналето ги немаше Роџер Федерер, Рафаел Надал или Новак Ѓоковиќ.

Ова е невидена доминација на триото во последната една и пол деценија. Таа традиција продолжи и на Отвореното првенство на Австралија (Надал е полуфиналист, а може да му се придружи и Ѓоковиќ), а на Ролан Гарос во мај триото ќе оди по серија од 60 гренд слема по ред во кои барем еден од нив тројца бил во полуфинале.

Последниот гренд слем турнир на кој во полуфиналните натпревари ги немало ниту Федерер, ниту Надал, ниту Ѓоковиќ се одигра во 2004 година во Париз. Тогаш во полуфиналето беа Давид Налбандијан, Гилјермо Корија, Тим Хенман и освојувачот Гастон Гаудио.

- Оглас -

Најнови вести