30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Ретко се гледа двапати по ред да се фрли „бунар“, токму тоа му се случи на играч на Бешикташ (Видео)

Кошаркарите на Бешикташ синоќа загубија од Хувентуд со 81:85, а во центарот на вниманието се најде центарот на турскиот тим, Анхел Делгадо.

Центарот на Бешикташ, кој е слаб изведувач на слободни фрлања, сезонава погоди само 14 од 33 обиди, но никогаш двапати по ред не фрлил во „бунар“.

Токму тоа му се случи на синоќешниот меч, но и покрај тоа што се посрами, доби аплаузи со поддршка од навивачите на Бешикташ.

https://twitter.com/i/status/1732481305189703883

 

- Оглас -

Најнови вести