Арсенал води со 1-0 во финишот на првото полувреме против Ипсвич, а односот на додавања и посед на топка е неверојатен за меч во Премиер лигата.
Топчиите доминираат и чудно е како дадоа само еден гол против тимот од кој не загубиле дома цели 45 години. Фаворитот има дури 83 отсто посед на топката, а односот во додавања е просто неверојатен, 417-83.
Каи Хаверц го даде голот за водство. Германецот своите последни 11 голови ги постигнал во Лондон, а дава гол на шест од последните седум дуели против екипите кои се нови во Премиер лигата.