Ретко видена голеада на „Гудисон“: Осум гола не се доволни да се реши победникот (видео)

Евертон и Тотенхем ќе играат дополнителни 30 минути откако во регуларното време не можеше да се издвои победник при неверојатни 4-4.

Осум погодоци не беа доволни за да се издвои патникот во четвртфиналето во ФА купот, па голедата на „Гудисон се продолжи на уште две кратки полувремиња од по 15 минути, а нема да биде изненадување доколку се дочека пенал-рулет.

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1359606819522420736

Јасно беше дека натпреварот меѓу Карамелите и Петлите ќе биде возбудлив откако Санчес го отвори само по три минути игра. Тимот на Анчелоти иако рано се најде во негатива, не падна во депресија, па следуваше враќање во голем стил и пресврт до 43-тата минута во изведба на Калверт-Луин, Ричарлисон и Сигурдсон.

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1359607808920965120

Пред паузата, Ламела намали на 3-2, а Тотенхем потполно се врати по вториот гол на Санчес на средбата кој го реализира исто така по еден корнер во 57-мата минута.

Следуваше ново водство за домаќините, Ричарлисон по вторпат успеа да го совлада Љорис, но повеќе од јасно беше дека Тотенхем ќе се потруди во последните двесетина минути повторно да ја врати неизвесноста.

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1359619734518472704

Токму тоа се случи во 84-тата минута, Кејн мораше да се запише во голеадата и да израмни на 4-4 откако беше проигран од неговиот соиграч Сон.

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1359624116815360002

- Оглас -

Најнови вести