Ретко видена ситуација: Двоен шпалир на „Сантијаго Бернабеу“ (Видео)

Реал Мадрид и Бетис одиграа без голови во дуелот на двата тима кои ги освоија трофеите во шпанскиот фудбал оваа сезона. Реал е шампион во Примера, а Бетис освојувач на Купот.

Токму поради тоа што ова беше дуел на победници, пред почетокот на дуелот беше видена една необична ситуација. Најпрво играчите на Реал направија шпалир за гостите, а веднаш потоа фудбалерите на Бетис се наредија во шпалир за да честитаат за титулата на Реал.

https://twitter.com/i/status/1527727670305271808

- Оглас -

Најнови вести