Аталанта дојде до посакуваната победа против Ајакс на арената „Јохан Кројф“ и ќе игра во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Мечот што директно одлучуваше која екипа ќе патува во нокаут-фазата заедно со Ливерпул, го реши Луис Мјуриел со погодок во 85-тата минута, а тоа беше и единствениот удар во рамките на голот на гостинскиот тим.
На Аталанта ѝ одговараше и реми и успеваше до финишот на мечот да се одбрани, а потоа со голот на Мјуриел и да победи.
Клучниот момент се чини се случи во 79-тата минута, кога Гравенберх беше исклучен, па Ајакс продолжи со десетмина играчи и беше казнет со единствениот директен удар кон нивниот гол во 85-тата минута.
Во вториот меч од оваа група Ливерпул ремизираше 1:1 со Митјиланд на гостински терен и со 13 бода го освои првото место во групата Д.
Мохамед Салах постигна гол во 56-тата секунда и стана рекордер на Ливерпул со 22 гола во мечеви во Лигата на шампионите. Израмни Шолц од пенал, а и двата тима имаа по еден поништен погодок, па мечот заврши нерешено.