Рецептот е познат, потребна е „бомба“ од далечина за да се совлада Донарума

Последните два меѓусебни дуели на македонската и италијанската репрезентација покажаа дека патот до голот на Џанлуиџи Донарума нашите фудбалери го наоѓаа со шутеви од далечина, па можеби тоа треба да биде рецептот за изненадување и вечерва во Рим.

Италијанците десет години не загубиле меч на „Олимпико“, фаворити се против Македонија, но така беше и лани во Палермо и годинава во Скопје, а успевавме да ги шокираме со голови во финишот.

Александар Трајковски и Енис Барди беа стрелци на головите со кои извлековме поволни резултати против Аѕурите, а двата гола беа со шутеви од надвор од 16-никот. Дај боже и вечер да се повтори сценариото.

- Оглас -

Најнови вести